1858 Meta description of the site: Високо квалитетно пиво со златно-жолта боја, со пријатна горчина и чист вкус, произведено од 11% пивска сладовина со содржина од 4,5 % волуменски алкохол. Новиот даб е тука, со нов изглед што ќе ги воодушеви љубителите на доброто пиво. Возбудливо шише со линии кои совршено се вклопуваат во твојата дланка. Редизајнирана етикета со современ графички израз, како и иновативно капаче за да ти овозможи уште поголемо уживање, сам или во друштво. Овој даб го создадовме во исклучително квалитетни услови - софистицирана модерна технологија, нова врвна опрема, висок квалитет на суровини, врвна вештина и знаење на пивските мајстори, како и 90-годишната традиција на пиварницата. Сето ова, за да создадеме даб со јасножолта боја, кремаста пена и пријатен свеж мирис, чиј вкус на почетокот е свеж и газиран, за да премине во софистицирано горчлив и на крај да добие елегантно сува завршница. Уште од првиот поглед новиот даб открива дека е модерно пиво кое знае што сакаш, а веќе со првата голтка знаеш дека овој даб е за тебе!